По сагата која ја преживеавме со Фк Вардар, конечно дојдоа и малку добри вести за нас, денешната потврда дека Драги Сетинов е нов сопственик на клубот, со неколку цврсти спонзори зад него е дефинитивно нешто што ни дава надеж, па откако сите бевме фокусирани на тоа дали ќе играме во прва лига или не, време е да се фокусираме малку на групата.
Наредна сезона не чекаат доста гостовања, навивачки дуели повеќе од минатата година и секако силен Вардар.
Поради тоа очекуваме максимална посветеност кон клубот и присуство на секој натпревар. Стандардите од европските трибини се повеќе и повеќе ќе ги имплементираме на нашата трибина, како за почеток ве известуваме дека за секој домашен натпрвар ќе се плаќа карта од 50 денари, а за секое гостовање ќе се плаќа 100 денари. Средстват ќе одат во групата и ќе се трошат транспарентно. Секој Комита треба да придонесе својата група е оди напред, а ова е еден начин. Често се случува да има приговори од членовите кога нема кореографија, пиротехника и реквизити поради недостаток на финансии, па еве вака ќе нема оправдување и вашиот придонес за карта ќе биде дел од шоуто што ќе се случува секој натпревар. Со ова применуваме 2 современи методи од навивачкиот свет, од една страна сами плаќаме карта, од друга страна самостојно ги финансираме своите дејствија. Колку пари толку музика !!
Веќе во план е изработка на нови маици, втор број од гласникот Трибина Запад, и многу други новитети кои ќе ги видите на трибина следната сезона.
Веќе овој викенд имаме шанса да бидеме со новиот Вардар, на тренингот кој ќе се одржи, а за поточно време ќе бидете подоцна известени.
Тешкотиите кои ги поминавме нека ни помогнат да станеме посилни, и да покажеме наредна сезона која е БРОЈ 1 !!
 |